Македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски е седмото засилување за амбициозниот состав на Охрид.
„Детето на Охрид“ се враќа во својот матичен клуб и го искажа задоволството од камбекот по потпишувањето на договорот.
„Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија и резултатите го покажуваат тоа и освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна. Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на едно уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси“, изјави Мартин Ивановски.
Средниот бек потпиша договор на една сезона, со можност за продолжување на соработката ако двете страни се задоволни.























