Шампионот Еурофарм Пелистер го промовираше третото ново име во ростерот за следната натпреварувачка сезона.
По голманите Никола Митревски и Филип Ивиќ, нов играч во редовите на битолскиот тим е хрватскиот пивотмен Кајо Цикатиќ.
Станува збор за ракометар што има 25 години, и за него ова ќе биде прво искуство надвор од Хрватска.
Цикатиќ последните сезони ги мина во редовите на хрватската Горица, со која настапуваше и во европските купови.
Кружниот напаѓач потекнува од Дубровник, а своевремено беше кадетски репрезентативец на Хрватска.
Еурофарм Пелистер по крајот на оваа сезона се раздели со седум ракометари, меѓу кои и двајца пивотмени, Денис Василев и Матеуш Пиеховски, па логично беше прво да се засили на линијата од шест метри.