Серафимова пак е МВП во Австрија, Штокерау во трка за титулата

Македонската голманка Матеја Серафимова, која ги брани боите на Штокерау, има забележителни партии во шампионатот на Австрија.

Клубот на Серафимова во натпревар од 7. коло од австрискиот шампионат беше поразен во дерби дуелот од Грац со 24:23.

И покрај поразот, голманката од Македонија поради одличната партија, која не беше поддржана од нејзините колешки, беше избрана за МВП на натпреварот.

Ова е третпат оваа сезона Серафимова да биде избрана за најкорисна ракометарка на некој од натпреварите.

Штокерау останува во борба за титулата, моментално, на свое конто има 11 бода, второпласираниот Ферлах има 12, додека Хипо е лидер на табелата со 15 бода.