Екипата на Висла Плоцк конечно успеа да го симне Келце од домашниот трон и по пауза од 13 години повторно стана шампион на Полска.
Составот предводен од Хавиер Сабате, исто како и на првиот финален дуел со вечниот ривал, повеќе среќа имаше во пенал рулетот. Откако беше нерешено по 60 минути игра, 21:21 (10:9), шампионот се бараше на пенали.
По првата серија од пет пенали двете екипи постигнаа по три погодоци, а во новата серија Висла Плоцк ги погоди сите пет, додека во последниот удар на Келце, Алиловиќ му одбрани на Наи и донесе голема радост за гостинските навивачи.
Конечниот исход од „светата војна“ беше 29:28 за новиот полски шампион, па така Висла Плоцк си обезбеди сигурно учество во Лигата на шампионите за следната сезона.
Висла Плоцк во сезона 2010/11 ја имаше освоено последната титула во полскиот шампионат. Тимот на Сабате три години по ред го освојува Куп трофејот и сезонава конечно успеа да ги обедини двете титули.
🎥 Емоциите на најсилно: Висла со гол „а ла Пранди“ до пенали, а потоа го „тресна“ Келце