„Селекторот ми објасни зошто не сум во репрезентацијата, секој одговара за своите постапки“

Левото крило Мануел Штрлек, кој иако има 35 години, сѐ уште игра во одлична форма на ракометните терени.

Искусниот ракометар не беше дел од составот на Хрватска на Европското првенство 2024.

Членот на Нексе во интервју за „Спортске Новости“ истакна зошто тогашниот селектор Перковац не можел да смета на неговите услуги за ЕП.

,,Извесен период не бев во репрезентацијата, сега поранешниот селектор Горан Перковац ме повика на некои квалификациски натпревари за ЕП, а потоа не бев на списокот на патници за Германија. Селекторот ми објасни дека најмногу поради одбрана ги земал Ловро Михиќ и Марин Јелиниќ, јас тоа го прифатив како негова одлука. Селекторите се таму да си ја завршат работата, ние играчите сме тука да си ја работиме задачата, а секој е одговорен за своите постапки”, изјави Штрлек.

Хрватска на Европското првенство во Германија одигра под своите очекувања и заврши на 11. позиција.