Селекторот ќе ги носи играчите на заеднички одмор

Шведскиот селектор Глен Солберг ќе искористи празен термин во ЕХФ календарот за да им ја покаже на своите играчи својата родна земја, а тоа е Норвешка.

Швеѓаните се пласирани директно на сите следни големи натпреварувања – ОИ 2024, СП 2025 и ЕП 2026 година, нема да играат квалификациски мечеви во март, односно мај годинава.

Сепак репрезентацијата ќе има собир, но ќе има поинаков распоред на активностите.

„Идејата е да одиграме тренинг натпревар во Шведска, но потоа остатокот од неделата да го поминеме во Норвешка, каде што можеме да имаме лесни тренинзи и во исто време да направиме нешто сосема друго. Сакам да им покажам на момците каква фантастична земја е Норвешка – фјордови, планини и убаво море“, откри селекторот Солберг за Афтонбладет.

Иако не стигнаа до финалето, сепак момците на Глен Солберг освоија бронза, а тоа им донесе директно место на ОИ.

„Момците имаат многу тешко секојдневие. На овој начин, можеме да го комбинираме напорот со нешто сосема друго“, заврши Солберг.