Ракометарките на Стружанка прославија убедлива победа над Шампион со 39-18 во натпревар од 21 коло од прволигашката конкуренција.
Предводничка на победничкиот тим беше Еџе Сејадин со 18 погодоци, а имаше поддршка од Тијана Переска со 11 гола.
Победникот беше решен уште по првото полувреме кога домаќинките водеа со десет гола, 18-8, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.
Во составот на Шампион најдобра беше Христина Трајанова, која стрелаше пет пати во голот на Стружанка.

























