Македонската репрезентативка Андреа Седлоска, продолжи со одличните настапи и на клупско ниво.
По двете одлични партии за националниот тим против Азербејџан и Литванија, таа се врати на обврските во Локомотива Загреб.
Нејзиниот тим славеше лесен триумф на гостувањето кај Кока со 33-19, а левиот бек постигна четири погодоци.
Локомотива Загреб заостанува шест бода од лидерот Подравка, која има 12 бодови, но има и натпревар повеќе.