Репрезентативката на Македонија, Андреа Седлоска, заедно со екипата на Локомотива Загреб ја запишаа 9-та победа во шампионатот на Хрватска.
Локомотива Загреб во натпревар од 14. коло од тамошниот шампионат славеше против Сесвете со шест гола разлика, 32:26 (19:12).
Седлоска во дадената минутажа на терен одигра без грешка, имаше два погодоци од исто толку удари.
Хрватскиот шампион со освоената победа дојде до 19 бода на свое конто и моментално е позициониран на 2. позиција на табелата.
Следен предизвик за Седлоска и колешките ќе биде гостувањето во Романија кај Дунареа Браила во натпревар од Лигата на Европа.