Се враќа Род – Норвешка со најсилниот ростер на Мундијалот

Селекторот на Норвешка, Јонас Виле, го објави списокот на ракометари за настапот на Мундијалот на кој се домаќини.

Tој на списокот има 18 ракометари, меѓу кои и повратникот Магнус Род од ПИК Сегед, но и дебитантот Марио Матиќ од АЕК Атина.

Норвешка ќе се подготвува за СП 2025 на пријателски турнир во Шпанија, каде ќе се соочи со Египет и Романија, плус со уште еден ривал за пласман.

Виле ќе смета на Бергеруд, Сагосен, Бјорнсен, Бартолд, Гулеруд, Тонесен, Род…па Норвешка ќе има силен состав на СП 2025.

Норвежаните во групната фаза на Мундијалот ќе играат против Португалија, Бразил и САД.