Охрид се раздели со Ерај Каракоч

По левиот бек Даниел Андоновски, уште еден ракометар замина од составот на Охрид.

Станува збор за репрезентативецот на Турција, Ерај Каракоч, кој во тимот на „гладијаторите“ настапуваше од вториот дел од минатата сезона.

Двете страни спогодбено го раскинаа договорот и одлучија секој да продолжи по својот пат.

Раководството на Охрид денес го промовираше новото засилување, средниот бек Хироки Мацуока.

Покрај Мацуока, ново име во тимот на Стевче Алушовски е и повремениот репрезентативец на Црна Гора, Адмир Пелидија.