Македонија победнички го заврши настапот на Европското првенство со триумфот над Швајцарија со 29-27.
Кружниот напаѓач Милан Лазаревски смета дека овој натпревар може да биде пресвртница и да се очекуваат уште подобри резултати.
„Честитки до моите соиграчи за настапот, иако имавме некои падови во играта. Мислам дека психичката стабилност дојде до израз на овој натпревар. Се потврди тоа што го кажав пред неколку дена дека оваа репрезентација има квалитет, само потребна е верба. Се надевам дека ова е пресвртница и ќе тргнеме на подобро, но времето ќе покаже“, изјави Лазаревски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде бараж двомечот во мај за Светското првенство 2025 година што ќе се игра во Данска, Хрватска и Норвешка.