Македонската судиска двојка Дамјан Савиќ и Марко Огњановски, ќе имаат нов предизвик на меѓународна сцена.
Савиќ и Огњановски се дел од програмата „Млади судии“ на Европската ракометна федерација и добија нова задача.
Заедно со уште пет други двојки, тие ќе судат на силниот турнир во младински категории „Локомотива Куп“ што ќе се одржи во градот Брчко од 15 до 17 декември.
Во Босна и Херцеговина ќе играат екипи од домаќинот, Македонија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Србија, Словачка, Унгарија и Грција.
Савиќ и Огњановски претходно судеа на Универзитетските игри во Полска и на Европското отворено првенство за играчи до 17 години и успешно го трасираат патот кон добивање на ЕХФ значка во иднина.