Македонската репрезентативка Сара Ристовска е најдобар стрелец во историјата на рускиот првак ЦСКА Москва уште од поодамна, а денеска прослави нов јубилеј.
Десното крило е првата ракометарка која во дресот на тимот од руската престолнина успеа да постигне 500 погодоци!
Овој убав момент не беше зачинет со победа на гостувањето кај Кубан Краснодар, каде што Ристовска беше најдобар стрелец, но нејзиниот тим загуби.
Македонката за дваесетина минути на теренот постигна пет погодоци, а ЦСКА Москва сензационално загуби од Кубан со 32-31 со гол во последните секунди.
Ристовска од понеделник ќе се приклучи на тренинзите на македонската репрезентација пред стартот на квалификациите за ЕП 2024 година.