Некогашниот сопственик на Вардар, Сергеј Самсоненко, од оваа сезона ќе има функција во женскиот клуб Ростов Дон.
Како што објави рускиот клуб, доаѓањето на Самсоненко, ќе донесе моќен импулс за понатамошно развивање и зајакнување на шампионската традиција.
„Ние сме уверени, дека со новиот претседател клубот ќе достигне нови височини и ќе продолжи да ги радува своите навивачи со сјајни победи“, се вели во објавата на Ростов Дон.
Самсоненко дојде во Македонија и од 2012 до 2019 беше сопственик на Вардар и ЖРК Вардар, а вложуваше и во фудбалскиот клуб.
Во ерата на рускиот бизнисмен, машкиот клуб два пати стана шампион на Европа, освои шест титули во македонското првенство и пет трофеи во Купот, додека женскиот клуб освои четири титули во лигата, три трофеи во Купот, пет пати играше на Ф4 во Лигата на шампионите, а два пати освои сребро.
Во Ростов Дон во моментов тренер и Ирина Дибирова, а во стручниот штаб работи Даниел Јурашиќ, кој долго време беше дел од Вардар и се грижеше за физичката подготвеност на ракометарите.