Самадреџа на Андоновски со нова победа – го сруши освојувачот на Супер Купот!

Екипата на Самадреџа, предводена од Горан Андоновски, во чиј состав настапува и Бојана Радевска, запиша нова победа во косовскиот шампионат.

Во натпревар од 15. коло, Самадреџа се соочи со освојувачот на Супер Купот и повеќекратен шампион на Косово, тимот на Феризај, и убедливо триумфираше со десет гола разлика, 36:26.

Бојана Радевска беше меѓу најдобрите на теренот и натпреварот го заврши со седум реализации, со што само потврди дека е одлично засилување во тимот.

Со новите два бода, Самадреџа дојде до 18 бода на свое конто и моментално се наоѓа зад Феризај, кој има 20 бода и Истогу, кој има 26.

Избраничките на Андоновски во следното, 16. коло, за ривал ја имаат екипата на Вуштрија.