Охрид даде силен отпор, се бореше до крај, иако на домаќините им недостасуваа двајцат важни играчи на средбата со Еурофарм Пелистер. Бодовите ги однесе шампионот кој дури во последните минути ја направи таа разлика, и на крај победи со 26-23 (12-11).
Многупати досега Охрид имаше шанса да освои бодови против некоја од екипите то се фаворити, но секогаш во минутите кога се „кршеше“ резултатот, тие немаа сила да го задржат истото темпо и конецентрација.
„Цело време бевме на ивица, ја сакавме победата, имавме и повредени. Се виде по желбата дека сакавме. На крај немавме среќа, ни се повторува истото, тужен сум. Тешко ни паѓа ваков пораз. Примивме на крај прелесни голови, не ги искористивме нашите шанси. Тоа беше поинаков меч, сега беше поинаку. Останува да жалиме за неискористените шанси. Жал ми е што после оваа сезона нема да бидам тука, изјави Рудолф Сафранко, најдобриот стрелец на Охрид на средбата, со седум голови.
Охрид останува на трите бодови што ги има, и е на четвртото место на табелата. Во следното коло Охрид ќе игра уште едно дерби, патуаваат во Скопје на дуел со Вардар.
Шампионот „преживеа“ во Охрид – Кузмановски двоцифрен стрелец