🎥 САБОТНО ИНТЕРВЈУ СО КОСУКЕ ЈАСУХИРА: Уште не сум загубил со Вардар, сакам така да остане до крај!

По мала пауза повторно продолжува рубриката САБОТНО ИНТЕРВЈУ на 24ракомет. Ќе разговараме со играчи, тренери и спортски работници кои од различни причини го привлекуваат вниманието на јавноста. Ќе се обидеме да ја откриеме нивната „скриена страна“, да влеземе во нивната приватност, да го претсавиме секој соговорник од поинаков агол. И сигурни сме дека ќе има што да прочитате. Нашиот прв соговорник е јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира.

Организаторот на играта на поранешниот двократен европски првак Вардар, 23-годишниот Јапонец Косуке Јасукира е уште едно егзотично име во низа кое го гледаме на македонската ракометна сцена во последниве години.

Со него како плејмејкер и без него, Вардар има два различни лика. Најдобра потврда за тоа се поразите од Еурофарм Пелистер и Тиквеш (натпревари на кои не играше) и победата над Алкалоид (кога играше).

„Јас се уште не сум загубил натпревар со Вардар, сакам така да остане до крај. Имаме време за поправање на ситуацијата. Свесни сме во каква позиција се наоѓаме и мислам дека нема да загубиме ниту еден натпревар до крајот на сезоната“, оптимист е Јапонецот.

За патот на Јасухира од „земјата на изгрејсонцето“ до „земјата каде што вечно сјае сонцето“, за тоа како еден играч од 172 сантиметри го најде своето место меѓу високите и корпулентни ракометари на европската сцена и други детали од приватниот и професионалниот живот на Јапонецот…

….прочитајте во Утрешното, САБОТНО ИНТЕРВЈУ НА 24РАКОМЕТ.