Некогашниот пивот на Вардар, Рожерио Мораеш, од следното лето ќе настапува во францускиот шампионат.
Бразилецот потпиша договор со тимот на Монпелје и ќе ги брани боите на европскиот шампион од 2018 година најмалку до 2028 година.
Мораеш потекнува од Абаететуба, играше и во Олимпика во Бразил пред да дојде во Европа и да заигра за големиот Кил во 2015 година.
Потоа беше дел од германскиот третолигаш Алтенхолц, а во 2017 дојде во Вардар и остана три сезони, а освои две титули во Лигата на шампионите.
Играше за унгарскиот Веспрем од 2019 година, потоа беше дел и од Бенфика, а од 2022 година настапува за бундеслигашот Мелсунген.