Романската ракометна федерација планира на крајот од оваа сезона да организира проштален натпревар за дел од ѕвездите.
Од националниот тим се простија легендарната Кристина Неагу, како и Крина Пинтеа, па федерацијата ќе им организира гала-вечер, пишува GSP.
На овој настан ќе биде одбележена и „пензијата“ од репрезентацијата и на уште неколку ракометарки кои од неодамна не се активни на терените.
Ривал на селекцијата на Романија ќе биде репрезентацијата на светот, а ракометарките што ќе играат за оваа репрезентација дополнително ќе бидат познати.
Неагу и Пинтеа се активни на клупско ниво и настапуваат за романскиот шампион ЧСМ Букурешт, со кој ги продолжија договорите и за следната сезона.