Охрид сега може да се пофали дека ги победи во една полусезона тимовите на Вардар, Еурофарм Пелистер и тимот од Автокоманда, па заслужено е во трка за второто место што може да значи настап во Лигата на Европа, ако првакот добие вајлд-карта за Лигата на шампионите.
Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, творецот на успехот, им ја препишува заслугата за триумфот на играчите и порача дека сите се задоволни од досега оствареното.
„Прво сакам да му честитам на Вардар за заслужената титула. Исто така сакам да им честитам и на моите момци за одиграното во второто полувреме дадоа повеќе од максимум. Ова е нивна победа. Во првото полувреме ја немавме таа потребна енергија. На паузата се договоривме дека не можеме да играме на 100%, туку мора на 200% и уште еднаш покажавме дека пред овие сјајни навивачи можеме да се носиме против секого. Сите сме среќни за првата победа над шампионот Вардар во нашата историја и одиме на пуаза задоволни“, изјави Ројевиќ.
Следен предизвик за Охрид ќе биде домашниот натпревар против Еурофарм Пелистер што е закажан за 20 мај.
























