Женската младинска репрезентација на Македонија на последниот натпревар на Светското младинско првенство во Скопје загуби од Кина со 25:23 и настапот го заврши на 16. позиција.
Одличен натпревар во дресот на Македонија имаше Емилијана Ризоска, која против азиската земја постигна 11 погодоци и беше прогласена за најкорисен играч, односно за МВП на натпреварот.
Македонија на младинскиот Мундијал одигра вкупно седум натпревари, забележа две победи во групната фаза, оние над САД и Ангола, потоа во главната фаза одигра реми со Португалија, а беше поразена од Исланд.
Во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место доживеа пораз од Јужна Кореја, Црна Гора и Кина.