Ривалот на Македонија со нов селектор – Легендарниот Антл ќе ги води словачките кадети!

Екс тренерот на Татран Прешов, Радослав Антл, назначен е за селектор на машката кадетска репрезентација на Словачка, односно на генерацијата 2006/2007 и помлади.

Како што е познато, кадетската репрезентација на Словачка е ривал на Македонија во рамки од квалификациите за Европското кадетско првенство во Црна Гора следното лето.

Освен со Македонија, избраниците на Антл во квалификациите ќе играат и со репрезентациите на Швајцарија и Косово.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на кадетскиот континентален собир.

Како што е познато, на ЕП во Црна Гора место обезбедија 14 селекции, односно домаќинот Црна Гора и најдобрите 13 според ранкингот – Шпанија, Шведска, Германија, Хрватска, Данска, Исланд, Унгарија, Словенија, Португалија, Норвешка, Франција, Србија и Фарски Острови.