Екипата на Будуќност, во која настапува македонскиот интернационалец Борис Ристовски, ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат.
Будуќност во натпревар од 5. коло за ривал ја имаше Сутјеска Никшиќ и успеа да слави со осум гола разлика, 32:24.
Велешанецот на натпреварот имаше 100% реализација, односно три од три, а зад своето име запиша и три асистенции.
Тимот на Ристовски заедно со Ловќен и Рудар се единствените три екипи без пораз во досегашниот тек од сезоната во Црна Гора.
По ЕХФ неделата, Будуќност ќе има голем предизвик, бидејќи во 6. коло ќе гостува кај актуелниот шампион Ловќен.