Ристовска заработи повреда, мора на пауза!

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, која настапува во тимот на ЦСКА Москва, ќе има кратка пауза од ракометните терените.

Десното крило во дуелот против Лада Тољати, кој заврши без победник, заработи повреда на скочниот зглоб

Московската екипа информираше дека Ристовска ќе отсуствува од три до четири недели.

Тоа значи дека Ристовска ќе ги пропушти дуелите со Звезда Звенигород, Краснодар, Динамо Синара и Ставропол.

Тимот на Ристовска по 12 одиграни натпревари во рускиот шампионат се наоѓа на второто место.