Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, во натпревар од 12. коло од рускиот шампионат одигра реми против Лада Тољати, 29:29.
Тимот на Ристовска со освоениот бод остана во игра за првата позиција, на која моментално се наоѓа Ристов Дон со 23 бода, московската екипа има 19, бода, но до крајот има уште многу да се игра.
Ристовска на дуелот во Тољати имаше одлична партија, постигна шест погодоци во мрежата на домаќинките и заедно со Екатерина Илина беа најефикасни во тимот на Акопјан.
Следен предизвик за Ристовска и колешките ќе биде дуелот против некогашниот европски првак Ѕвезда Звенигород, екипа која во досегашниот тек од сезоната има биланс од четири победи и осум порази.