Тимот на Рапид Букурешт, каде игра македонската репрезентативка Сара Ристовска ја запиша втората победа во романскиот шампионат.
Пред стартот на Лигата на шампионите, Рапид Букурешт славеше на гостувањето кај Таргу Жиу со 30-27.
Ристовска постигна три погодоци од четири обиди на овој натпревар, а прв стрелец беше Јанушевиќ со седум гола.
Рапид Букурешт и Ристовска овој викенд ги очекува стартот на Лигата на шампионите и натпревар на домашен терен против Будуќност.