Ристовска и ЦСКА ќе ја бранат Куп титулата во Русија

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, ќе ја брани Куп титулата во „зборнаја“.

Московската екипа на денешниот полуфинален дуел против Динамо Синара без многу проблеми триумфираше со 33:23 (18:12).

Ристовска на теренот одигра 28 минути и беше втор стрелец во составот на Олга Акопјан, постигна четири погодоци од пет обиди.

ЦСКА Москва за ривал во финалето од Купот на Русија го има Ростов Дон, кој во полуфиналето триумфираше над Лада Тољати со 25:22.

Финалето меѓу ЦСКА Москва и Ростов Дон ќе се одигра во текот на утрешниот дуел, додека екипите на Динамо Синара и Лада Тољати ќе се борат за бронзата.