Ристовска без грешка, ЦСКА обезбеди Ф4 во Купот на Русија!

Македонската репрезентативка Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Купот на Русија.

ЦСКА Москва на реванш дуелот од четвртфиналето против Черноморочка триумфираше со 37:32 и победата од пет гола разлика беше сосема доволна за да се обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи.

На првиот дуел, кој беше одигран пред неколку дена, за нијанса подобра беше Черноморочка со два гола разлика, 28:26.

Ристовска на реваншот одигра на посакуваното ниво и на теренот мина едно полувреме. Десното крило на Македонија имаше 100% реализација, три од три.

Освен ЦСКА Москва, пласман на Ф4 турнирот обезбедија и екипите на Ростов Дон, Динамо Синара и Лада Тољати.

Московската екипа во претходните две сезони ја освојуваше Куп титулата и во оваа сезона посакува да дојде до трета последователна титула во Купот во „зборнаја“.