Рускиот првак ЦСКА Моксва прослави нова победа во домашниот шампионат, откако славеше над Лада Тољати со 40-34.
Тимот на македонската репрезентативка Сара Ристовска сега се израмни со Ростов Дон на лидерското место на табелата.
Ристовска одигра едно полувреме на овој натпревар и успеа да постигне четири гола од четири обиди.
Следен предизвик за Ристовска и ЦСКА Москва ќе биде домашниот натпревар со Астраханочка, која го шокираше Ростов Дон во последното коло.