Ракометарите на Овче Поле го совладаа Скопје со убедливи 40-29 во натпревар од 6 коло во прволигашкиот плеј-оф.
Стојанче Ристов и Иван Димчевски комбинираа 17 погодоци на овој дуел и беа меѓу најзаслужните за триумфот над скопјани.
Гостите пружија солиден отпор во првиот дел, во кој се подолго време се играше егал, но на пауза домаќините заминаа со плус четири, 20-16.
На стартот на второто полувреме Скопје намали на минус два, 22-20, но Овче Поле набрзина отиде пак на плус четири, и до крајот само ја зголемуваше разликата.
Во составот на Скопје се истакна Андреј Јанев со седум погодоци, а по пет гола дадоа Антиќ, Пашовски и Кочески.
На табелата Овче Поле е на седмото место со девет бода, додека Скопје е на деветтата позиција со шест.