Рикановиќ: Одигравме очајно, но поразот од десет разлика не е реалната слика

Ракометарите на Струга во натпревар од 8. коло од Супер лигата беа поразени во езерското дерби од Охрид со 30:20.

Струга по денешниот пораз остана на четвртото место, но сега има ист број бодови, 12 како и тимот на Аеродром.

Голманот на Струга, Дејан Рикановиќ, истакна дека резултатот не е реална слика за капацитетот на неговиот тим, кој може многу подобро.

,,Мислам дека одигравме очајно, не го испочитувавме она што беше договорено пред да излеземе на терен. Трите исклучувања на Маркоски во првиот дел не пореметија, тој е столбот на нашата одбрана. Исто така имавме доста грешки, промашени шутеви, многу простор во одбраната. Честитки за екипата на Охрид на заслужената победа, ја оправда улогата на фаворит и заслужено ги освои бодовите. Ние сега се насочуваме за следните дуели и за нашата главна цел, а тоа е пласман во плеј-оф фазата. Сепак, мислам дека поразот од 10 гола разлика не е реална слика за капацитетот на Струга”, изјави Рикановиќ.

Избраниците на Наум Танески за следен ривал ја имаат екипата на Куманово, која денес беше поразена во Скопје од Аеродром.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

 

Охрид ита кон плејофот – втор триумф во „езерското дерби“