РФМ се „разбуди“ – познато е кога би требало да почне сезоната!

Сепак во распоредот предложен од македонската куќа на ракометот, заборавиле да ги „вметнат“ и натпреварите од Купот, од елиминациската фаза и потоа напролет од групната фаза. Не се знае кога ќе заврши првенството, бидејќи календарот е направен само за регуларниот дел од сезоната.

По текстот објавен на 24Ракомет „Клубовите се подготвуваат и се прашуваат – КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ПРВЕНСТВОТО?“, од македонската куќа на ракометот веднаш реагираа. Доставија до сите 12 суперлигашки екипи предлог распоред и пропозиции за новата 2024/25 сезона, иако сериозните федерации ова го направија кон крајот на јуни, односно почетокот на јули.

Суперлигашката сезона, ако се биде според планот треба да почне на 7/8 септември. Планот е регуларниот дел, односно 22 кола да се играат до крајот на март 2025 година, а потоа да стартува и плеј-офот/аутот со 10 кола. Само сега новото прашање е – КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПРВЕНСТВОТО?. Клубовите најчесто си планираат тоа да биде со последните денови на мај. Ама дали ќе биде така?

Ждрепката за двојките е најавена за почетокот на август. Во распоредот предложен од македонската куќа на ракометот, заборавиле да ги „вметнат“ и натпреварите од Купот, од елиминациската фаза и потоа напролет од групната фаза. А тоа се уште најмалку два викенди.

Завршниот турнир од Купот ќе се игра во мај, тогаш ќе има уште една ЕХФ недела со квалификациите за ЕП 2026, па суперлигашите ќе имаат набиена агенда. Логично е дека оние најамбициозните негодуваат што РФМ не ги потврдува датумите за натпреварите од плеј-офот.

За разлика од лани кога имаше 28 меча, сега ќе се играат 32 натпревари, па можеби требаше да се размислува и за старт една недела порано од предвиденото, како што тоа ќе биде случај во голем број други земји.

Супер лига, 2024/25, распоред на натпревари:

1 коло – 07/08.09.2024
2 коло – 14/15.09.2024
3 коло – 21/22.09.2024
4 коло – 28/29.09.2024
5 коло – 02/03.10.2024 (среда/четврток)
6 коло – 05/06.10.2024
7 коло – 12/13.10.2024
8 коло – 19/20.10.2024
9 коло – 26/27.10.2024
10 коло – 01/02/03.11.2024
04.11.2024 – 10.11.2024 ЕХФ НЕДЕЛА
11 коло – 16/17.11.2024
12 коло – 23/24.11.2024
13 коло – 30.11/01.12.2024
14 коло – 07/08.12.2024
15 коло – 14/15.12.2024
16 коло – 18/19.12.2024 (среда/четврток)
14.01.2025 – 01.02.2025 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
17 коло – 08/09.02.2025
18 коло – 15/16.02.2025
19 коло – 22/23.02.2025
20 коло – 01/02.03.2025
21 коло – 08/09.03.2025
10.03.2024 – 16.03.2025 ЕХФ НЕДЕЛА
22 коло – 22/23.03.2025