РФМ ќе се жали на арбитражата на Данците!

Ракометната федерација на Македонија ќе упати жалба до Светската ракометна федерација по мечот со Холандија.

Таа се однесува на арбитражата на данските судии Jeспер Хансен и Мадс Хансен, кои имаа повеќе одлуки на штета на Македонија.

Нашите ракометари загубија со 37-32 од Холандија, иако дел од вината треба да се бара во сопствените редови, сепак јасно е дека арбитражата не беше на ниво на СП.

Македонија е практично во главната рунда на СП, но треба да го одработи последниот натпревар од групната фаза против Гвинеја в недела.