Останаа да се одиграат уште три средби од прволигашката конкуренција за да се комплетираат 18 кола од регуларниот дел.
Тоа се три меча од групата А, а најинтересен од нив ќе биде дуелот меѓу Јехона и Овче Поле, кој е значаен во битката да се пренесат што повеќе бодови во плеј-офот.
Дуелот во Струмица, каде Астраион ќе ги пречека „витамините“ од Автокоманда, како и оној во Кичево што допрва треба да добие термин, нема да имаат влијание на табелите во плеј-оф и плеј-аут.
Веќе се познати екипите што ќе разигруваат за место во елитната конкуренција – Еурофарм Пелистер 2, Драчево, Јехона, Овче Поле, Младост Богданци, Вардар Неготино, Македонија Ѓорче Петров, Скопје, Металург РА, како и „витамините“ од Автокоманда.
Најголем фаворит за камбек во Супер лигата е Еурофарм Пелистер 2.
Прва лига, распоред:
24/3, 20:00, Астраион – Мулти Есенс
25/3, 20:00, Јехона – Овче Поле
25-26/3, ???, Кичево – Металург РА