Раул ја обезбеди десната крилна позиција: Балагер и Соле со нови договори во ПСЖ

Францускиот шампион ПСЖ објави дека се продолжени соработките кои истекуваа на крајот на оваа сезона со двајца шпански репрезентативци.

Давид Балагер и Феран Соле го ставија потписот на новите договори и се обврзаа да останат во градот на светлината до 2025 година.

Балагер долго време во Франција, играше седум сезони во Нант пред во 2022 година да го засили ПСЖ.

Како и Балагер, така и Соле игра одамна во францускиот шампионат. Беше во Тулуз до 2020 година, кога на повик на Раул Гонзалес се пресели во ПСЖ.

ПСЖ веќе најде замени за Никола Карабатиќ, кој се пензионира и Доминик Мате, кој оди во друга клуб, а тоа се Дани Бајенс и Омар Јахја.