Распоред Женска лига – пролетен дел: Ѓорче Петров тргнува со Пелистер, Чаир на дерби со Вардар

Пролетниот дел од Женската лига, која оваа сезона се игра само со регуларен дел односно без плеј-оф и плеј-аут, според планот треба да започне кон крајот на февруари.

Потоа следува ЕХФ недела и дуелите на Македонија со Шпанија во рамките на квалификациите за ЕП 2024 на 29 февруари и 3 март.

Уште една ЕХФ недела е на програмата од 1 до 7 април, кога сениорките ќе ги одиграат последните два меча против Литванија и Азербејџан.

Ќе има простор и за групната фаза од Купот кон крајот на март, како и за Ф4 турнирот во Купот на Македонија во средината на мај.

Последното коло од Женската лига кога ќе биде крунисан шампионот ќе се одигра кон крајот на мај, но за точните термини се чека официјална потврда.