Распоред плеј-аут: Жестоки битки за опстанок, баражот за Супер лигата на 8 јуни

По извлекувањето на натпреварувачките броеви на екипите што ќе разигруваат за опстанок во Супер лигата, познат е распоредот на натпревари.

Првото коло од битката за опстанок во елитната конкуренција ќе се одигра на 10/11 февруари следната година.

Секое коло ќе има интересни натпревари, бидејќи според најавите дури пет екипи ќе ја напуштат Супер лигата, иако РФМ нема официјално потврдено.

Меѓу сите натпревари ќе има пауза за двете ЕХФ недели, како и за групната фаза и Ф4 во Купот на Македонија.

Баражот за опстанок во Супер лигата ќе се игра на 8/9 јуни.