Во рамки од 16. коло од најсилното натпреварување во Романија се одигра дерби дуелот меѓу екипите на Рапид и ЧСМ Букурешт, две екипи кои на меѓународна сцена учествуваат во Лигата на шампионите.
Дерби дуелот го доби Рапид Букурешт, откако триумфираше со два гола разлика, 30:28. Победата на романскиот вицепрвак доаѓа во вистински момент, бидејќи во изминатиот период фановите на овој клуб беа многу критични на социјалните мрежи, пред се поради резултатите на европска сцена.
За ЧСМ Букурешт денешниот пораз беше прв на домашна сцена, додека тимот на Рапид Букурешт со победата над најголемиот ривал си ги зголеми шансите за освојување на титулата, но до крајот ќе мора да го даде својот максимум.
ЧСМ Букурешт е водечки тим, на свое конто има 45 бодови, второпласиран е Рапид Букурешт со шест бода помалку, односно 39, на 3. позиција се наоѓа Глорија Бистрица со 36, а во ТОП 5 сѐ уште екипите на Дунареа Браила со 34 и Олчим Валчеа со 28 бода.