Ракометната куќа на Црна Гора ги одбра најдобрите играчи за 2024

Ракометниот сојуз на Црна Гора ги одбра најдобрите играчи за 2024 година, а меѓу одбраните имаше место за два голмани.

За најдобра ракометарка на Црна Гора за 2024 година беше избрана голманката Армел Антигре, која имаше забележителни партии на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Антигре одлични перформанси имаше и за Будуќност во рамки од најквалитетното европско натпреварување и беше меѓу најзаслужните за неколку победи на тимот од Подгорица во европската елита

Искусниот ракометар на Ловќен, Ѓорѓо Перуничиќ, беше избран за најдобар ракометар за 2024 година. 31-годишниот лев бек паралелно работи и како тренер на женскиот клуб Тиват.

Кружниот напаѓач Татјана Брновиќ, по вторпат го понесе епитетот најдобра црногорска ракометарка која настапува во странство, додека голманот на Мелсунген, Небојша Симиќ, го доби признанието за најдобар интернационалец.

Кај младите, Теодора Рончевиќ од Будуќност 2 и Петар Радоичиќ од Ловќен беа избрани за најдобри млади играчи во црногорскиот ракомет.

Управниот одбор на Ракометната федерација на Црна Гора одлучи специјалните награди да им бидат доделени на судиите Иван Павиќевиќ и Милош Ражнатовиќ, како и на меѓународниот делегат Предраг Павиќевиќ.