📸➕🎥 Ракометен ВАР на македонски начин

Потврдата на резултатот од мечот меѓу Ѓорче Петров и Металург Автокоманда траеше повеќе од 10 минути, бидејќи толку време им требаше на судиите да утврдат дали последниот гол на Гугуљанова е регуларен или не. Средбата заврши со реми, 25-25, а последниот гол на Металург беше оној што на гостинките им донесе бод и многу радост.

Откако регуларното време истече, почнаа недоразбирањата. Двете екипи се бунеа, со свои аргументи, дали голот е регуларен или не. Судиите побараа помош во видео снимката, и им требаше повеќе од 7-8 минути гледање, разгледување, па дури и муабет со двете екипи и нивните претставници. Се убедуваа кој е во право.

Делегатот на телефон бара помош, како да се реши ситуацијата побрзо, но не оди така лесно. Наместо на компјутер, судиите решија да го гледаат спорниот момент на телфон, а над глава им висеа стручните штабови на двете екипи. Судиите гледаат, а тренерите „висат“ над глава и коментираат.

И секој со свој аргумент. Публиката поделена, едни велат гол, другите не. На терен исто, едната екипа чека потврда за гол, а друга не.

На крај, голот беше признаен, па Металург славеше како да победил. Но, по се изгледа после регуларните две полувремиња по 30 минути, ќе има ново полувреме.