Ракометарите ќе добијат по МИЛИОН за секоја победа на СП!

Mашката репрезентација на Македонија ја одработува втората фаза од подготовките за настапот на СП 2025, а ракометарите и стручниот штаб ќе имаат уште поголема мотивација на престојниот Мундијал.

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, при посетата на ракометарите на еден од тренинзите им ветил дека ќе добијат по милион денари за секоја остварена победа во Хрватска.

Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја во првата рунда од СП 2025, а доколку обезбеди пласман во главната рунда, нашата селекција ќе се соочи со трите најдобри од групата во која се Франција, Кувајт, Катар и Австрија.

Македонската експедиција ќе остане до утре во Скопје, пред да замине во Хрватска, каде на 8 јануари ќе игра против домаќинот на СП пријателски натпревар. Потоа следуваат уште две контроли, со клубот Сесвете и Зеленортските Острови.

Пред настапот на ЕП 2024, женската репрезентација исто така имаше ветена премија за секоја евентуална победа, но дамите за жал остварија само реми против Турција и два порази против Шведска и Унгарија.