Рајатоски: Само со добра одбрана можеме до победа против Голден Арт

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 6. коло од суперлигашката конкуренција за ривал го имаат тимот на Голден Арт. Овој дуел е значаен за двете екипи, кои имаат по шест бодови на свое конто.

Избраниците на Божидар Мојсов посакуваат победа, со цел да останат во игра за едно од местата кои што водат во плеј-оф фазата. Прилеп во минатата коло киксна во Автокоманда, беше поразен од Мулти Есенс, додека Голден Арт загуби во градското дерби со Пролет.

Еден од поискусните во составот на Прилеп, Пеце Рајатоски, кој во својата кариера има настапувано за Голден Арт и најдобро го познава скопскиот тим, истакнува дека со неговите соиграчи мора да играат претпазливо  да се држат до договореното, бидејќи тимот на Голден Арт е доста незгоден ривал.

,,Играме дома, мора да се подготвиме добро за овој дуел и секако, одиме на победа. Голден Арт се добар колектив и имаат одличен голман, кој можеби е нивниот најголем адут, но ние мора да се држиме до нашата игра како во одбрана, така и во напад, мора да испочитуваме сѐ што е договорено, што не беше случај во претходните натпревари каде доаѓаше до пад на концентрацијата во игра и тука губевме некои топки кој не чинеа и пораз. Ги повикувам сите навивачи на Прилеп да нѐ поддржат во овој клучен натпревар, ќе го дадеме максимумот на терен и ќе се бориме до последната секунда”, изјави Рајатоски.

Екс младинскиот репрезентативец вели дека неговиот тим треба најмногу да се посвети во играта во одбраната.

,,На овој дуел најмногу треба да се посветиме на одбраната, само со добра одбрана можеме да се надеваме на поволен резултат. Не играме лошо и на претходните натпревари губевме концентрација и не се држевме добро во одбраната, тоа мора да го поправиме, да испочитуваме сѐ што е договорено и мислам дека ќе победиме. Ние немаме голема ротација и секој црвен картон не пореметува, тоа беше во случајот со Пролет и Мулти Есенс, на двата натпревари уште на почетокот останавме без важен играч, сепак, одиме на победа против Голден Арт, ние ќе го одиграме нашето и ќе видиме каков ќе биде исходот”, заврши Рајатоски.

Дуелот меѓу Прилеп и Голден Арт ќе се одигра утре со почеток од 18:30 часот во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко”. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126