Раховец на Андоновски останува непоразен – го доби македонскиот двобој во Косово

|
10:00

Екипата на Раховец, кој е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, а во која настапува кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат.

Раховец во заостанатиот натпревар од 6. коло од најквалитетното натпреварување на Косово славеше убедливо против Вјоса на Илиja Трпевски и Обрен Фичуроски со 17 гола разлика, 38:21.

Со новите два бода, тимот предводен од Андоновски го зголеми бодовното салдо, сега има 14 бода, додека главните конкуренти на Раховец, Беса и Кастриоти, два пода помалку – 12.

За Раховец ваквите полесни натпревари со домашни екипи се проверка на силите пред големиот предизвик во Европскиот Куп.

На 23 ноември, Раховец во рамки од 3. коло од третото по ранг европско клупско натпреварување ќе биде домаќин на романската Баја Маре, а реванш дуелот ќе биде на 30 ноември во Романија.

Фантастичната Ристовска најдобра на теренот, Рапид ремизираше во драмата со Дунареа

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
18:35

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, имаше одлична партија во најквалитетното натпреварување во Романија.

Рапид Букурешт и Ристовска се изборија за голем бод, откако одиграа реми со Дунареа Браила, 35:35, во натпревар од 10. коло од романскиот шампионат.

Ристовска беше меѓу најзаслужните за ремито на клубот од Букурешт, натпреварот го заврши со пет гола од шест обиди, а имаше најдобар индекс на корисност во двата тима, 6,5.

Тимот на Ристовска, моментално, се наоѓа на 6. позиција на табелата, на свое конто има 19 бода, но до крајот од сезона има уште многу да се игра.

Следен предизвик за Рапид Букурешт ќе биде натпреварот со европскиот гигант Ѓер во 8. коло од Лигата на шампионите.

Валентина Радуловиќ се огласи по казната од РФМ

Автор: Душко Андов
| 13 ноември 2024
15:57

Лавина реакции покрена натпреварот од Купот на Македонија меѓу Скопје и Гевгелија, кој се одигра во саботата, како дел од групната фаза. Гевгеличанки „славеа“ со 17-16, откако во последните пет минути двете екипи си постигнуваа автоголови и не сакаат да победат и да одат понатаму.

Епилог од сето тоа е исклучување на двете екипи од системот на натпреварување во РФМ, како сениорските, така и младинските екипи во сите категории на Скопје и Гевгелија, како и суспензија од две години за Валентина Радуловиќ, претседателката на Скопје, која беше на клупата, потоа за Веселинка Треноска, која исто така седеше на клупата на Скопје и претседателката на Гевгелија, Јулија Беќарова.

Поранешната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ, во изјава за 24Ракомет, потврди дека ја добила казната од РФМ, но дека во ниту еден момент не влијаела на односот на ракометарките на теренот.

„Ја добив одлуката на РФМ за казната. Можам само да кажам дека на тој меч седев на клупата и бев официјално лице, но во ниту еден момент не побарав, ниту влијаев на ракометарките да играат или се однесуваат онака на теренот како што тие играа“, вели Радуловиќ.

Легендарното некогашно крило на Кометал ЃП, Шлагелсе и Хипо, вели дека клубот ја известил РФМ дека Скопје не сака доброволно да игра во Купот на Македонија.

„Чудно е што РФМ ги закажа сега овие натпревари од Купот, наместо традиционално на пролет. Тие беа известени дека ние не сакаме доброволно да играме во Купот бидејќи сме нов клуб, и немаме спонзори, а немаме ниту помош од државата како другите клубови“, заврши Радуловиќ.

Гевгелија по „победата“ над Скопје требаше да се „бори“ со Ѓорче Петров за место на Ф4, но по нивното исклучување, бранителот на Куп трофејот, со службена победа се пласираше меѓу најдобрите четири на завршниот турнир што ќе се игра во мај 2025.

Се огласија и од Министерството за спорт: Поништени решенијата за дејност на Скопје и Гевгелија!

Две години суспензии за Радуловиќ, Треноска и Беќарова, казна и за делегатот на скандалозниот натпревар!

Навивачите на Охрид се загреваат за дербито – „Рибари“ ќе прослават 35 години!

Автор: Влатко Мирчески
| 11 ноември 2024
19:30

По ЕХФ неделата, во која се играа квалификациски натпревари за Европското првенство 2026, овој викенд ќе продолжат натпреварите од домашниот шампионат.

Во рамки од 11. коло за првпат сезонава ќе се судрат екипите на Охрид и Алкалоид, кој во досегашниот тек од сезоната има максимален ефект.

Охриѓани на 10 натпревари остварија осум победи, а натпреварот со првопласираниот тим од Автокоманда за нив ќе биде императив да им се вратат на победите во суперлигашкото друштво.

Се очекува избраниците на Стевче Алушовски да имата голема поддршка од трибините, бидејќи навивачката група „Рибари“ ќе прослави 35 години од своето постоење.

Дерби дуелот меѓу двете екипи ќе се одигра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“, со почеток од 18:30 часот.

Алекс Влах пред потпис со Келце

Автор: Влатко Мирчески
| 12 ноември 2024
17:45

Според информациите на „RTH Handball“, полскиот гигант Келце во своите редови го посакува репрезентативецот на Словенија, средниот бек Алекс Влах.

27-годишниот ракометар, кој  со одличните партии во Целје си обезбеди трансфер во Алборг во сезона 2023/24, се наоѓа пред потпис со тимот на Талант Душебаев.

Влах во Словенија, освен за Целје, настапуваше за Копер, додека на интернационално ниво беше дел и од најтрофејниот клуб од Хрватска – Загреб.

Словенечкиот репрезентативец минатата сезона во дресот на Алборг имаше импресивни партии во ЛШ, сезоната ја заврши со 59 гола, а со данскиот тим го освои второто место на Ф4 турнирот во Келн.

Освен Влах, во Келце од наредната сезона би требало да пристигне уште еден среден бек. Станува збор за членот на Гвардија Ополе, Пјотр Једрашчик.

Потврдени саатниците – еве кога ќе игра Еурофарм Пелистер во ЛШ во 2025 година

Автор: Душко Андов
| 14 ноември 2024
18:44

Европската ракометна федерација ги потврди датумите и саатниците за натпреварите од Лигата на шампионите во 2025 година.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра четири натпревари во 2025 година, кои ќе стартуваат по завршувањето на Светското првенство.

Пелистерци ќе стартуваат со гостување во Португалија кај шампионот Спортинг Лисабон на 13 февруари.

Потоа следува домашен меч на 20 февруари со Динамо Букурешт, додека во последните две кола, македонскиот првак ќе има двобои со Фуксе во Берлин и со ПСЖ во Битола.

Лига на шампиони, група А, распоред 11-14 коло:

13/02/2025, 20:45, Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
20/02/2025, 20:45, Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт
27/02/2025, 20:45, Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
06/03/2025, 20:45, Еурофарм Пелистер – ПСЖ