Радовиш со две нови имиња ќе брка камбек во елитата

Прволигашот Радовиш за вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24 ангажираше две засилување.

Бидејќи клубот ќе игра во прволигашкиот плеј-оф, раководството одлучи да ги пополни дефицитарните позиции.

Дресот на Радовиш ќе го носи довчерашниот член на Аеродром, Иван Митревски, кој игра на позиција десен бек и кој би требало да биде вистинско освежување во тимот на Љупче Мијалов.

Покрај Митревски, ново име во составот на Радовиш е десното крило од Овче Поле, Иван Димчевски.

Радовиш за ривали во плеј-офот ги има Бисинов, Македонија ЃП, Младост, Драчево, Јехона и Шампион.

Минатата сезона Радовиш не успеа да го сочува суперлигашкиот статус и мораше да се пресели кај прволигашите, но има големи шанси да направи камбек во македонската елита.