Радовиш се комплетираше за плеј-офот, пристигна и трето засилување!

Прволигашот Радовиш веќе започна со подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24.

Радовиш, кој ќе игра во плеј-оф фазата и ќе се обиде да го врати суперлигашкиот статус, донесе уште едно ново засилување.

По Иван Митревски од суперлигашот Аеродром и Иван Димчевски од Овче Поле, нов ракометар во тимот на Љупче Мијалов е Борјан Цековски.

Цековски настапува на позицијата кружен напаѓач и трансферот од Овче Поле во довчерашниот суперлигаш е чекор плус во неговата кариера.

Радовиш за ривали во плеј-офот ги има Бисинов, Македонија ЃП, Младост, Драчево, Јехона и Шампион.