Радовиш по прва победа во битката за опстанок, Пролет домаќин на велешани

Денеска со натпреварот меѓу Радовиш и Струга ќе започне новото, 3. коло во битката за опстанок кај суперлигашите.

Радовишани ќе посакуваат пред домашната публика да дојдат до прва победа во плеј-аутот, а Струга ќе атакува на втор триумф, по оној против Куманово во второто коло.

Пролет, кој во 2. коло беше поразен од Прилеп, ќе биде домаќин на дебитантот Борец ФЛ.

Избраниците на Матлиески влегуваат како фаворити на овој натпревар, но таа улога ќе треба да ја потврдат на теренот.

На денешната домашна програма од сениорските натпреварувања ќе има и три дуели од плеј-оф фазата во Првата лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 МУЛТИ ЕСЕНС – СКОПЈЕ (ПРВА ЛИГА)
18:00 РАДОВИШ – СТРУГА (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ПРОЛЕТ – БОРЕЦ ФЛ
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО (ПРВА ЛИГА)
20:00 ЈЕХОНА – МАКЕДОНИЈА ЃП (ПРВА ЛИГА)