Радичевиќ испиша историја, стигна до 1.100 гола во ЛШ

Поранешната членка на Вардар, Јованка Радичевиќ, која дресот на „црвено-црните“ го носеше пет сезони, стана првата ракометарка која постигна над 1.100 погодоци во Лигата на шампионите.

Екс репрезентативката на Црна Гора на вчерашниот дуел против Мец имаше две реализации и токму вториот погодок против францускиот тим за Радичевиќ беше нејзин 1.100-ти во Лигата на шампионите.

Црногорката стана првата ракометарка што ја достигна оваа бројка, а зад нејзе се Кристина Неагу и Анита Гербиц.

Неагу во досегашниот тек од европската елита постигна 1.069 погодоци, додека легендарната Гербиц, која е во пензија, зад своето има во ЛШ запиша 1016 погодоци.

На чекор до клубот „1000“ е и Андреа Лекиќ, која исто така настапуваше во дресот на Вардар. Лекиќ има 995 погодоци, треба да додаде уште пет за да влезе меѓу најдобрите стрелци во историјата на елитата.