ПСЖ во Јапонија ќе ги има „генералките“ за Еурофарм Пелистер

Францускиот шампион ПСЖ, исто како и лани, дел од подготовките за новата сезона ќе одработи во Јапонија.

Од 8 август без ракометарите што ќе настапуваат на Олимписките игри, ПСЖ ќе тренира во Јапонија.

Кога ќе се приклучат и тие во составот на Раул Гонзалес, ќе бидат одиграни две пријателски средби во Јапонија.

На 20 август, ПСЖ ќе тестира против Зекстар Токио, додека на 22 август ќе игра со тимот на Суисеи.

Францускиот првак е противник на Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на шампионите, а овие две екипи ќе ја отворат елитната конкуренција со натпревар во Париз на 11/12 септември.