ПСЖ ќе има уште еден холандски плејмејкер (ФОТО)

Најбогатиот европски клуб, тимот на ПСЖ, денес го потврди трансферот на репрезентативецот на Холандија, Дани Бајенс.

Како што е познато, двете страни уште на почетокот на оваа сезона беа во преговори и во претходниот период успеаја да се договорат на двегодишна соработка.

Искусниот ракометар во редовите на „светците“ ќе се приклучи од следното лето и ќе има можност своите квалитети да ги покаже и во европските натпреварувања.

Средниот бек од минатата сезона е член на Хамбург, додека претходно беше дел од екипите на Вестфален, Лемго и Фленсбург.

Бајенс во ПСЖ ќе игра заедно со неговиот сонародник Лук Стеинс, кој исто така настапува на позицијата среден бек.